/ Прочитано:

1.771

Голем интерес за обуката на Академик за новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Академик одржа обука за практичната примена на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Пред големиот број учесници на обуката се говореше за најзначајните законски новини за спречување перење пари, со посебен акцент за мерките и дејствијата за откривање и спречување перење пари и финансирање тероризам, потоа за анализата на клиентот и практичната примена на одредбите од законот.

Предавач на обуката беше  финансискиот разузнавач во Управата за финансиско разузнавање Ивица Симоновски, чиешто предавање предизвика голем интерес и разви плодна дискусија кај присутните учесници. Учесниците на обуката истакнуваат дека обуката успешно се реализирала и дека одлично се објасниле законските новини за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

„Целта на обуката беше исполнета, а предавачот беше добро подготвен и одлично го пренесе своето знаење“, велат Славе Стојанов од Штедилница „Можности“ и Ѕвездана Гицевска од „Граве осигурување“ АД Скопје.

„Организацијата на обуката беше одлична и добро направена“, истакнуваат Емица Стефанова од „Кроација осигурување живот“ и Валентина Јанковска од „Конто профит“ ДООЕЛ Скопје.

„Потребно е организирање на повеќе обуки и семинари посветени на оваа тема, особено по донесувањето на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам“, нагласува Даниела Ѓореска-Цветаноска од Прокредит банка.