/ Прочитано:

1.204

Град Скопје санкционирал физички и правни лица за недозволено горење суровини и отпад

 Надлежност на Град Скопје е да врши проверки што се гори и да санкционира физички и правни лица доколку  горат недозволени суровини и отпад.  Во текот на изминатиот месец екипите на Градот излегле на терен и при извршената контрола изрекле 4 казни за палење отпад, од кои 2 се изречени на физички лица, а 2 на правни лица, се вели во соопштението на Град Скопје.

Во рамките на мерката за огнови на отворено, се додава во соопштението, Градот Скопје и превентивно дејствува со изрекување опомени за палење на отворено.

Инспекторите на Град Скопје моментално се излезени на терен и вршат вонредни и зачестени контроли, а последниот извештај вели дека засега нема казнети бидејќи инспекторите не констатирале отстапување од пропишаните услови.

Да потсетиме дека инспекциските служби на Град Скопје во текот на 2016 година извршиле по 2 контроли на сите 29 инсталации регистрирани во Скопје, односно вкупно 58 контроли во месеците ноември и декември, и по извршените контроли се констатирани неправилности кај една фирма на којашто ѝ е изречена казна.

Во текот на 2017 година во истиот временски период (ноември – декември) надлежните инспекциски служби на Град Скопје, исто така, извршиле по 2 контроли на сите 31 инсталации во Скопје, односно вкупно 62 контроли и констатирале дека сите фирми ги задоволуваат законски пропишаните услови.

Градот Скопје во текот на 2017 година има одобрено 500 елаборати и извршено 94 контроли за периодот ноември – декември, односно  се  извршени контроли на сите фирми коишто имаат емисии во воздухот при производниот процесот и не се евидентирани неправилности при нивното работење“, се вели во соопштението на Град Скопје.

М.В