Градежните компании истакнуваат јавните набавки да се извршуваат поквалитетно
Формирање на меѓуресорно тело во кое ќе учествуваат претставници на Градежната комора, Владата и општините што ќе гарантира и резултира со побрзо придвижување на секторот градежништво, е барањето на Градежната комора.
Претседателот на Градежната комора, Ивица Јаќимовски, вели дека е неопходно интензивирање на работата на компаниите во градежниот сектор, како значајна гранка за придвижување на економијата и подигнување на животниот стандард.
„Во делот на високоградбата согласно со последните податоци од статистика, во првото тримесечје од 2019 година, во споредба со првото тримесечје од 2018 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 4.3%, трошоците за материјали се повисоки за 1.7% и трошоците за вработените се повисоки за 11.3%. Поскапувањето е регистрирано во трите сегменти и точно е дека има поскапувања во сите сегменти за изградба на квалитетни станови, кои се енергетско ефикасни и асеизмички стабилни. Ако го споредиме сегашниот период во однос на лани, може да зборуваме за поскапување на сите градежни услуги до 15%“, нагласува Јаќимовски, додавајќи дека растот на овие трошоци го диктира растот на цената на квалитетните станови, која во иднина ќе се движи по нагорна линија и тоа зависи исклучиво од квалитетот на градбата, локацијата, инфраструктурата и поволниот деловен амбиент.
Тој истакнува дека во делот на нискоградбата има раздвижување во инвестициите во инфраструктурата, изградбата на патиштата, гасификација, кои спаѓаат во капитални инвестиции и дополнително во периодот кој следува се очекува засилување на темпото.
„Она што е детектирано од страна на компаниите кои работат во овој домен се проблемите во спроведувањето на јавните набавки, честите менувања на плановите за јавни набавки, слабата реализација на плановите за јавни набавки, несоодветната процена на вредноста на набавките и лошата временска рамка на набавките. Потребно е да се обучи државната администрација за да може јавните набавки да се извршуваат поквалитетно, согласно со новиот закон и да се реализираат предвидените средства за капитални инвестиции, за интензивирање и нивна реализација. Институциите треба да развиваат свои подетални упатства за пресметка на проценетата вредност на набавките. Тоа ќе даде можност да се земат предвид спецификите на различните сектори и природата на набавката која се спроведува, поточно дали станува збор за градежништво во случајот или друг сектор“, вели Јаќимовски, нагласувајќи дека плановите за јавни набавки треба да ги одразуваат потребите, но и реалните финансиски можности на институциите на национално и на локално ниво.
Градежната комора очекува во следниот период во делот на високоградбата засилување на работата на општините и што поскоро изготвување детални урбанистички планови, а во делот на нискоградбата успешно и непречено спроведување на постапките за јавни набавки. Без градежништво што со себе повлекува и раст на 26 други стопански гранки нема раст на севкупната економија.
Компаниите сметаат дека е потребно допрецизирање на Предлог-законот за урбанистичко планирање
Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива
Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес
Годишен извештај за работењето на Државната комисија за жалби по јавни набавки
Стапува во примена новиот Закон за јавните набавки
Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2019 година
Новиот Закон за јавните набавки објавен на Академика
Донесен новиот Закон за јавните набавки
Предлог-законот за јавните набавки на собраниска седница
Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки
Министерството за финансии во врска со реформите и јавните финансии
Бирото за јавни набавки ќе врши контрола на ризиците од корупција при јавните набавки
Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија
Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ
Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура
Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки
Многу ниска конкуренција на локалните тендери
Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки
Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки
Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки
Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка
Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги
Во подготовка измени на Законот за јавните набавки
М.В