/ Прочитано:

4.024

Градинките ќе работат во две смени од 1 септември

„Во согласност со одлуката на Владата од 10 јули годинава, првата смена во градинките ќе почнува од 7:00 до 14:30 часот, а втората од 14:00 до 21:30 часот. Градинките ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот. До сите градинки денеска испративме информација дека од 1 септември годинава треба да ја применуваат одлуката за двосменско работење. Двосменското работење досега се имплементирало само во четири општини, а сега ќе бидат вкупно десет, со оглед дека потреба од воведување втора смена констатирале и Гевгелија, Кочани, Радовиш, Охрид, Тетово и Прилеп“, потенцираше министерката Царовска.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес-конференција ја информираше јавноста дека од 1 септември градинките треба да почнат да работат во две смени, сè со цел децата на вработените во државните институции кои ќе работат двосменски да бидат соодветно згрижени.

„Во согласност со одлуката на Владата од 10 јули годинава, првата смена во градинките ќе почнува од 7:00 до 14:30 часот, а втората од 14:00 до 21:30 часот. Градинките ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот. До сите градинки денеска испративме информација дека од 1 септември годинава треба да ја применуваат одлуката за двосменско работење. Двосменското работење досега се имплементирало само во четири општини, а сега ќе бидат вкупно десет, со оглед дека потреба од воведување втора смена констатирале и Гевгелија, Кочани, Радовиш, Охрид, Тетово и Прилеп“, потенцираше министерката Царовска.

Таа појасни дека во моментов се прават детални проценки колкав е бројот на децата кои ќе треба да се згрижат во попладневната смена, а онаму каде што ќе се процени дека нема потреба, Царовска рече дека втората смена нема да се воведе.

Јавните установи кои имаат повеќе просторни услови за сместување деца, работата во втора смена може да ја организираат во еден или во неколку објекти, во согласност со потребите на децата и родителите.

За да се реализира непречено сето ова, Царовска нагласи дека Министерството за труд и социјална политика е подготвено за отворање нови работни места, онаму каде што недостига кадар, односно каде што ќе има реална потреба по воведувањето на двосменското работење во градинките. Покрај тоа, таа најави и нови инвестиции во градинките, особено во руралните средини, односно најави отворање на 13 градинки до крајот на годината, а веќе за наредната се бара општините да поднесат информација за потребите од изградба на градинки.

„Ние ќе инвестираме и ќе дозволиме вработувања во градинки, ќе го поттикнуваме тоа. Не може да зголемуваме опфат на деца и да отвораме нови градинки, а да нема вработувања“, истакна министерката.

Според неа, од исклучителна важност е учеството на општините во развојот и унапредувањето на стандардите, квалитетот и вработените во градинките. Царовска рече дека приоритет на Министерството за труд и социјална политика е да има што поголем број деца во предучилишното образование, особено на возраст од 3 до 6 години.

Инаку, министерката Царовска рече дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, бројот на деца  што ќе треба да се згрижат во втора смена ќе биде мал, но се очекува реорганизирање на градинките, во зависност од потребите.

А. Б.