Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести
Kомисијата за заразни болести при Министерството за здравство донесе заклучок дека е потребно проширување на мерките за заштита од коронавирусот.
Комисијата препорача сите градинки, училишта и факултети да бидат затворени во следните две недели. Комисијата препорача дека се забрануваат сите масовни собири на отворено и на затворено, а сите спортски собири да бидат без публика.
Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високоризични и средноризични држави во период од 14 дена. Сите лица кои доаѓаат од високоризични и средноризични земји да бидат во самоизолација 14 дена. Владата на денешната седница треба да ги усвои овие препораки од Комисијата за заразни болести.
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В