/ Прочитано:

2.414

Градоначалникот на Кавадарци осуден за поткуп при избори и гласање

Со пресуда на Основен суд Кавадарци, градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, денеска беше осуден на два месеца затвор за кривичното дело поткуп при избори и гласање.

„За ова дело е предвидена парична казна или казна затвор до една година“ – истакна судијата проф. д-р Лазар Нанев.

Како што образложи судијата Нанев, во согласност со Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, делото се класифицира во петта хоризонтална категорија каде што врз основа на податоците за личноста се класифицира во прва вертикала бидејќи е неосудуван досега, за што законодавецот утврдил парична казна од пет до 120 глоби или затвор од 30 дена до два месеца. Казната ќе се изврши по правосилност на пресудата.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, на социјалните медиуми најави дека  за пресудата ќе покрене жалбена постапка, бидејќи, како што вели, пресудата била без докази.

М.В