/ Прочитано:

1.292

Граѓаните ќе можат онлајн да пријавуваат проблем со јавната администрација, најавува МИОА

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека наскоро ќе биде воведен дигитален систем за кој граѓаните ќе можат во секое време онлајн да пријавуваат проблем поврзан со јавната администрација. Со овој систем, образложуваат од МИОА, ќе се подобри транспарентноста во однос на постапувањето на органите на државната управа, така што комуникацијата и процесот на разрешување ќе биде на увид на граѓаните и правните лица со цел да се создаде „позитивен притисок” за надминување на проблемите.

„Ќе ги искористиме сите потребни механизми за да придонесеме за зголемување на ефикасноста на јавната администрација, која работи целосно во служба на граѓаните“, истакнуваат од МИОА.

М.В