/ Прочитано:

1.235

Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата

Дали е транспарентна јавната администрација, дали е превработена, дали се добиваат услуги само со врски, која е генералната оценка за нејзината работа, се дел од прашањата што беа одговорени денеска на презентацијата на клучните наоди и препораки од анкетното истражување Еврометар 2019, кое денеска беше презентирано на настан во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Евротинк – Центар за европски стратегии.

Истражувањето е посветено на работата на јавната администрација, а содржи и компаративна анализа на минатогодишните наоди. Во врска со заклучоците од истражувањето говореше тимот на Граѓанска алијанса за транспарентност.

Според податоците, речиси половина од испитаниците во анкетата направена од Граѓанската алијанса ја оцениле администрацијата како неефикасна, нетранспарентна и партизирана. Во анкетата како најголеми проблеми граѓаните ги посочуваат непрофесионалноста, шетањето по шалтери и долгото траење на процедурите.

Во истражувањето се дадени и наоди за тоа дали во јавната администрација работат професионални кадри, колку партиската книшка игра улога при вработувањето, колку партиите ја искористуваат јавната администрација и нејзините ресурси за партиски и лични цели, дали нејзините услуги се лесно достапни и дали може да ги користи секој кој има потреба од нив.

Консултативен процес на МИОА за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Јавна расправа за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација

Јавна расправа за Законот за висока раководна служба

М.В