Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки
Мерката МојДДВ веќе ги дава резултатите за целите за кои беше воведена – влијае на намалување на сивата економија и им враќа пари на граѓаните, вели заменик-министерката за финансии, Ширет Елези.
Елези посочи дека заклучно со 30 јули граѓаните оствариле поврат од над 930 илјади евра, скенирајќи речиси 7 милиони фискални сметки, со промет од 3,5 милијарди денари. Заменик-министерката рече дека 143 илјади граѓани скенираат фискални сметки.
„Со оглед на трендот на раст на регистрирани корисници и на скенирани сметки, идните месеци очекуваме да расте бројот на месечно скенирани сметки, како и сумата на поврат“, рече Елези.
Заменик-министерката посочи и дека бројот на сторнирани сметки е намален за 15% во овој период, а удвоен е бројот на пријави за неиздадени фискални сметки во однос на минатата година.
Во однос на намалувањето на сивата економија, Елези посочи дека вкупната наплата на ДДВ е подобрена за 18,3% во однос на лани.
„Наплатата на ДДВ од почетокот на јули досега изнесува 75 милиони евра. Ова е раст од 18,3% во однос на лани. Подобрената наплата на ДДВ, заедно со одличната наплата на персоналниот данок, акцизите, како и придонесите – придонесуваат наплатата на вкупните приходи во јули да биде повисока за 16% во однос на лани. Со ова, од почетокот на годината досега приходите во државната каса се поголеми за 7,4% во однос на лани“, рече Елези.
Таа посочи дека како што ќе расте бројот на скенирани сметки се очекува наплатата на ДДВ да остварува уште подобри резултати, како и да влијае на вкупната наплата на приходи во државната каса.
Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП
УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки
Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица
Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура
Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните
Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата
М.В