/ Прочитано:

737

Граѓански организации поддржуваат учебници без дискриминација

„Клучен проблем за кој Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали предлага соодветни решенија се застарените содржини во учебниците кои промовираат нееднаквост и исклучување на различни категории граѓани. Здруженијата на граѓани, но и меѓународните и регионалните тела за човекови права со години наназад бараат и препорачуваат засилен институционален одговор по прашањата на застареност, дискриминација и несоодветна репрезентација на различните општествени групи. Конечно, Министерството за образование и наука ја препозна сериозноста на овој проблем, кој директно придонесува до слаби резултати во образованието, оневозможува учениците да се стекнат со современи знаења за активен придонес во демократските општества, дополнително ја продлабочува нееднаквоста и го прави образованието нерелевантно, а учениците недоволно мотивирани.

Предлог-законот ги содржи следните унапредувања од аспект на еднаквост и недискриминација:

  • експлицитна забрана за дискриминација и обврска за промовирање на мултикултурализмот, родовата еднаквост, почитувањето на човековите права, различноста, демократијата, граѓанското учество и критичкото размислување;
  • Државниот просветен инспекторат ќе има експлицитна надлежност да постапува во случаите на нееднаквост и дискриминација во учебниците;
  • комисиите за одобрување и за повлекување од употреба на учебник имаат изречна надлежност да ги разгледуваат учебниците од аспект на еднаквост и недискриминација, а доколку има несоодветни содржини по овој основ, имаат обврска да не го одобрат учебникот или да го вратат на корекции или да го повлечат од употреба;
  • со цел да се осигури дека учебниците ќе промовираат демократски вредности и еднаквост, во комисиите за одобрување и за повлекување од употреба на учебници членува претставник номиниран од Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, кој има најмалку 10 години искуство од областа на недискриминацијата, човековите права, родовата еднаквост и мултикултурализмот;
  • се внесува обврска за континуирана ревизија на одобрените учебници, секоја година, пред започнување на учебната година, вклучително и од аспект на еднаквост и недискриминација;
  • усогласување на законот со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, се вели во соопштението на граѓанските организации, кое во целост и заедно со листата на невладини организации може да се погледне на следниот линк.

Најавени референдум и протести против новиот Закон за учебници

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Портал за учење од далечина – измените на Законот за Бирото за развој на образованието во собраниска процедура

Измени на Законот за Бирото за развој на образованието – ќе се воспостави портал за учење од далечина

Прашања и одговори од МОН: Децата не треба да носат компјутери и таблети на училиште, само учебниците се дигитализираат

МОН со ново соопштение за Законот за учебници

Утврден текстот на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали

Законот за учебници вратен на дополнување

Што се предвидува во новиот Закон за учебници, кој е во собраниска процедура

МОН во врска со новиот Закон за учебници чија цел е дигитализација на учебниците

МОН подготвува нов Закон за учебници

МОН: Во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници

М.В