/ Прочитано:

873

Граѓанските организации бараат повлекување на измените на Кривичниот законик

Во врска со предложените измени на Кривичниот законик, 16 граѓански реакции реагираат до претседателот на Собранието и до предлагачите на Предлог-законот.

„Бараме веднаш да го повлечете од дневен ред Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска-Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.

Инсистираме на повлекување на предлогот поради промената во членовите на Кривичниот законик, со кои ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат и со тоа да не се одговара за криминалот.

Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. На овој начин се амнестираат криминалот и корупцијата, и продолжува неказнивоста“, истакнуваат граѓанските организации Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација за интернет и општество – Метаморфозис, НВО Инфоцентар, Центар за европски стратегии – Евротинк, Форум – ЦСИД, Коалиција „Сите за правично судење“ , Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Македонско здружение на млади правници, Агора – Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Kоалиција МАРГИНИ, Центар за современи уметности, Институт за европска политика – Скопје и Институт за човекови права.

Злоупотребата на постапката за јавен повик во фокусот на предложените измени на Кривичниот законик

Криминалот од омраза како квалификаторен облик во предложените измени на Кривичниот законик

Нови кривични дела во измените на Кривичниот законик кои се во собраниска процедура

М.В