/ Прочитано:

851

Грчкиот Парламент го одобри нацрт-законот со рестриктивни мерки: Ќе бидат отпуштени 15 илјади државни службеници

Понеделник, 29 април 2013 – Со 168 гласа „за“ и 123 „против“ грчкиот Парламент синоќа го одобри нацрт-законот согласно со кој за прв пат во изминатите сто години ќе се отвори патот за намалување на бројот на државните службеници.

Законот се однесува на спроведување реформи и рестриктивни мерки за намалување на трошоците, договорени со тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за исплаќање на транши во износ од 8,8 милијарди евра на Грција. 

Околу две илјади државни службеници ќе бидат отпуштени до крајот на мај, други две илјади ќе бидат отпуштени до крајот на годината, а уште 11.500 до крајот на 2014 година или вкупно 15.500.

По повик на синдикатите неколку илјади лица се собраа во центарот на Атина на протестен митинг против мерките содржани во законот.