/ Прочитано:

862

Грција ја укина забраната за влез на новинарката од „Дневник“

Вторник, 18 јуни 2013 – Укината е забраната за влез во Грција на новинарката на дневниот весник „Дневник“, Ивана Костовска. Новинарката појаснува дека и се јавиле од грчката амбасада во Скопје за да ја информираат дека од сега може да патува во Грција, но не и објасниле зошто пред две недели беше прогласена за непожелна личност во земјата и вратена во Скопје.

„Неофицијалното објаснување на конзулката е дека најверојатно се работело за грешка. Претпоставуваат дека можеби станува збор за друга личност со исто име и презиме, што е необично, бидејќи во документот што ми го дадоа на граница е посочен бројот на мојот пасош. Без оглед што оцената на конзулката е дека случајот имал среќен крај, мислам дека кога некој ќе ве врати од граница, би требало да ви објасни зошто тоа се случило“, вели новинарката Костовска.

Минатата недела новинарите излегоа на мирен протест пред грчката амбасада да искажат незадоволство од однесувањето кон нивната колешка.