Грција кривично ќе ги гони лицата кои имаат долг над 5000 евра
Среда, 27 февруари 2013 – Грција најави кривични санкции за даночните обрзници кои на државата и должат над 5000 евра. Грчката Управа за јавни приходи проценува дека во земјата има илјадници должници, оттаму најавуваат рок од 4 месеци кој доколку должниците не го испочитуваат им се закануваат затворски казни.
Грчкото Министерство за финансии и Управата за јавни приходи бараат судење и затвор за илјадници должници, кои на државата и должат над 5000 евра. Во зависност од висината на долгот ќе зависат и затворските казни, од најмалку 6 месеци до 3 години затворска казна.
Околи 2.300.000 даночни обрзници должат 3000 евра, а според пресметките тоа преставува долг кон околу 1,1 милијарда евра. 100.000 обврзници должат од 3000 до 300.000 евра односно околу 3 милијарди долари. 5770 даночни обврзници се со долгови од 300.000 до 1.000.000 евра вкупниот долг претставува 15 милијарди. 1.500 даночни обврзници имаат долгови од над 1.000.000 евра, нивните вкупни долгови се 35 милијарди евра.
Ова е само една од многуте мерки што ја преземаат грчките власти за спас од финансиска криза. Грција со години ги зголемува и даноците за да го полни празниот буџет, а во неколку наврати направи обиди да се справи со затајувачите на данок.