Грција усвои нов закон за поттикнување на инвестиции
Петок, 5 април 2013 – Грчкиот Парламент доцна синоќа усвои закон за поттикнување на приватните инвестиции, што е клучен услов за излез на земјата од рецесија.
Новиот закон за поттикнување инвестиции има за цел да ја намали бирократијата по пат на создавање широк спектар на проекти кои ги исполнуваат условите за брзо добивање и основање нова агенција за инвеститори.
Меѓу останатото, законот по првпат поставува одредени правила за добивање дозвола и управување со хидро авиони.
Грција, која има стотина лошо поврзани острови и голема индустрија на туризам, смета дека најновиот закон ќе ги охрабри операторите на хидро-авиони и ќе го подобри пристапот на многу одморалишта