Грција воведува нов данок на имот, ќе се полни буџетот со нови 3 милијарди евра
Петок, 4 февруари 2013 – Грција најавува нов данок на имот кој ќе се наплаќа од втората половина на оваа година, пишуваат грчките весници. Данокот ќе погоди пет милиони домаќинства, претпријатија, компании, а исто така претставува замена за специјалниот вондреден данок што Грците го плаќаат заедно со сметките за електрична енергија.
Од кабинетот на актуелниот премиер Андонис Самарас информираат дека се надеваат од овој данок во државната каса да влезат приходи во висина од околу 3 милијарди евра. Во меѓувреме, грчкото Министерството за финансии разгледува нов даночен систем, што беше побарано од меѓународните кредитори за кој Грција доби финансиска помош од ЕУ.
Стапките на новиот данок ќе бидат од 0,1% до 2%. Предвиден е и минимум за имот што не подлежи на оданочување. Неговата висина не е одредена, но се очекува да изнесува 50 илјади евра.