/ Прочитано:

3.957

Група пратеници предлага измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост

Група пратеници во Собранието на РМ поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

Со предложеното законско решение, истакнуваат пратениците, ќе им се овозможи на физичките лица, кои се поранешни сопственици и кои се запишани во катастарот на недвижности како корисници на градежно неизградено земјиште кои во предвидениот законски рок за поднесување барања за приватизација во 2014 година до 15 декември и со пропуштената можност во 2016 година до 15 јуни не поднеле пријава до Агенцијата за катастар на недвижности, да го стекнат правото на сопственост на ова земјиште кое е нивна поранешна сопственост по сила на закон.

Со предложеното законско решение оваа бариера ќе се надмине и на оваа категорија лица ќе им се овозможи да се стекнат со правото на сопственост на ова земјиште кое е нивна поранешна сопственост.

М.В