/ Прочитано:

786

Група пратеници предлагаат за пратеник да може да биде избрано лице кое е само македонски државјанин

Група опозициски пратеници предложија измени на Законот за пратениците по скратена постапка.

Со предложените законски решенија, посочуваат пратениците, ќе се уреди посебен услов, кој во постојниот правен поредок на државата не е уреден ниту во Уставот, ниту во други закони, а со кој функцијата пратеник во Собранието во целост ќе биде заштитена од секакви негативни влијанија на угледот на лице кое ќе биде избрано од народот за истата.

„Со усвојување на овој закон се овозможува да запрат сите напади врз пратениците кои во последно време се сѐ почести и предизвикуваат изигрување и манипулација  на јавноста и гласачите во Македонија.

Имено, со ова решение се предвидува услов со кој за пратеник може да биде избрано лице кое е државјанин само на Република С. Македонија, со што ќе се зголеми дигнитетот и довербата на граѓаните кон самите пратеници“, се предлага во законските измени.

М.В