/ Прочитано:

783

Група пратеници предлагаат законски измени за континуитет во изучувањето на предметот историја

Група пратеници во Собранието поднесоа измени на Законот за основното образование. Со предложените законски решенија ќе се овозможи континуитет во изучувањето на предметот историја како посебен наставен  предмет  во основното образование.

„Со измените, покрај таксативно наброените цели за постигнување на националните стандарди за учениците во основно образование од подрачјата: јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво и финансиска писменост, како и уметничко изразување, култура и мултикултура, како цел за постигнување на националните стандарди за учениците во основно образование од подрачјата се додава и историјата.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование се предлага бидејќи изучувањето на историјата придонесува кон оформување на историска свест кај учениците во основното образование и кај сите граѓани во целина, како и ги мотивира истите да развијат чувство на одговорност кон историското наследство и заедничките добра.

Од оваа причина, училиштето треба да го истражува, обогатува, продлабочува и консолидира знаењето на историјата“, се вели во законското образложение.

Ќе се менува Законот за основното образование

М.В