/ Прочитано:

722

Група пратеници предложиja измени на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка

Група пратеници предложиja измени на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

„Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за земјоделското земјиште. Целта на законот е да се овозможи на закупците на земјоделското земјиште во државна сопственост на кои им е раскинат договорот за закуп поради неплатена закупнина да може да се укине изјавата за раскинување, доколку истите сѐ до моментот на одземањето на владението на земјиштето го платат заостанатиот долг за закупнина и надоместок за користење на земјиштето без договор за периодот од раскинување на договорот до денот на укинување на изјавата за раскинување на договорот за закуп“, се вели во законското образложение.

М.В