/ Прочитано:

1.036

Група пратеници предложија законски измени за полагањето на државната матура

Група пратеници од опозицијата предлагаат измени за Законот за средното образование по скратена постапка. Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот ковид-19 на светско ниво, со која целокупниот општествен живот  во сите држави се промени, државите заради заштита на целокупното светско население пристапија кон воведување на мерки преку кои ќе се изнајдат решенија со кои ќе се спречи ширењето на заразата и ќе се заштити  населението од новонастаната ситуација, се вели во законското образложение.

„Во таа насока образовниот систем во државата се промени преку начинот на кој се одвиваше наставата, и тоа преку комбиниран начин на учење, односно учење на далечина и со физичко присуство во скратен временски период на одржување на часовите.

Поради новиот начин на одвивање на наставата, учениците од јавното средно образование имаат потреба од дорегулација на прашањата поврзани со  државната матура, училишната матура и завршниот испит, кои воопшто не се прилагодени на новонастанатата ситуација, тука вака поставени, во согласност со постојниот закон, преставуваат модел кој функционира во нормални услови.

Со Предлог-законот за дополнување на Законот за средното образование се предлага дополнување со нов член 38-а, кој се однесува на учебната 2020/21 година како година на пандемија, со можност за продолжување и во учебната 2021/22, односно сѐ до завршување на пандемијата предизвикана од ковид-19 и нормализирање на состојбите во државата, со кој учениците во средните јавни училишта ќе полагаат државната матура, училишната матура и завршниот испит под поинакви и пред сѐ поповолни  услови“, се посочува во законското образложение.

М.В