/ Прочитано:

730

Гугл побара од судот одобрение да го објави бројот на молбите од разунавачките служби за давање податоци

Среда, 19 јуни 2013 – Гугл побара од специјалниот суд, што се занимава со истраги поврзани со националната безбедност, да му одобри да го објави бројот на молбите на разузнавачките служби за давање податоци, пренесоа светските агенции.

Ова барање на интернет гигантот се упатува во екот на полемиката, што се разгоре по откривањето на големината на американските разузнавачки програми на интернет и комуникациите за кои одговара овој суд, чие функционирање е тајно, забележаа француските медиуми.

Мајкрософт, Фејсбук и Епл пред извесно време објавија ограничена информација за бројот на барањата на разузнавачките служби, кои тие ги добиле според силата на спогодбата, што била склучена меѓу нив и американската влада, потсетуваат британските медиуми.