Гувернерката предложи две вицегувернерки на НБРМ
Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, ги предлага м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска за вицегувернерки на НБРМ. Нацевска во Народната банка на РМ е советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции, а Митреска е директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.
Предлогот за именување на вицегувернери на Народната банка на Република Македонија е доставен во Собранието на РМ. Во членот 49 од Законот за Народната банка на Република Македонија се пропишува дека вицегувернерите ги именува Собранието на Република Македонија на предлог на гувернерот. Вицегувернерите му помагаат на гувернерот во извршувањето на секојдневните работи.
Предлогот и биографиите на предложените вицегувернерки може да се погледнат на следниот линк
М.В