/ Прочитано:

751

Хаг денеска ќе ја изрече пресудата за Станишиќ и Симатовиќ

Четврток, 30 мај 2013 – Хашкиот трибунал денеска треба да ја изрече пресудата на поранешниот шеф на српската Службата за државна безбедност Јовица Станишиќ и неговиот помошник Франк Симатовиќ, обвинети за злосторство на несрпски цивили во Хрватска и Босна и Херцеговина. 

Двајцата се теретат за прогон, убиства, депортација и насилно преместување на хрватски и муслимански цивили. Тие кривични дела и обвинувања се квалификувани како злосторства против човештвото и кршење на законите и правилата на војување.

Во завршниот збор во јануари годинава, обвинителството побара на Станишиќ и на Симатовиќ да им биде изречена доживотна казна затвор.