/ Прочитано:

966

Хан: Владеење на правото и нула толеранција за корупцијата

За добивање на зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ потребно е реформите да продолжат, особено во делот на владеење на правото, истакна еврокомесарот Јоханес Хан, кој е во посета на земјава.

Хан ја истакна потребата од донесување на Законот за јавното обвинителство и потребата од одлучна борба против корупцијата и криминалот. Сите партии и државни институции, подвлече Хан,  ќе мора да продолжат да покажуваат одлучност да му дозволат на владеењето на правото да преовлада.

„Мора да се покаже нула толеранција кон корупцијата и организираниот криминал. Земјите членки го следат овој процес одблизу, но пред сè тоа е за доброто на граѓаните“, нагласи Хан, уверувајќи дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ во октомври.

Во Извештајот на ЕУ за Северна Македонија се вели дека основните вредности нa ЕУ вклучуваат владеење на правото и почитување на човековите права. Од огромно значење се правилното функционирање на правосудниот систем и ефикасната борба против корупцијата, како и почитувањето на човековите права во закон и во практика.

Во наредната година, се истакнува во Извештајот во делот за борбата против корупцијата, земјата особено треба:

– проактивно да ги спроведува новите правила за спречување и борба против корупцијата и да охрабри, од највисоко политичко ниво, повеќе проактивен став на сите учесници вклучени во оваа област;

 – да ја потврди својата политичка волја за борба против корупцијата преку поддршка на сите релевантни институции со потребната автономија во остварувањето на нивните прерогативи, како и човечките и финансиските ресурси;

– да ја консолидира евиденцијата за конечните пресуди во предмети на корупција на високо ниво, вклучително и со конфискација на криминални средства и

– да осигури дека правната одговорност на прислушувањата продолжува независно од тековните реформи во рамките на обвинителскиот систем.

Компаративна анализа на извештаите на Европската комисија – „Датум за реформи“

Институтот за европска политика: Препораката неспорна, датумот неизвесен

Коментари за Извештајот на Европската комисија во однос на правосудството, економијата и социјалната политика

Европската комисија препорача започнување на преговорите

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Коментар на ЕПИ за заклучоците на Советот на ЕУ: Најава за почеток на еден долг пат

Извештајот на Европската комисија  за независноста, стручноста и квалитетот на правдата во правосудството

Коментари по повод Извештајот на Европската комисија за Република Македонија

М.В