Харвард повторно водечки на Шангајската листа на најдобро рангирани универзитети во светот
Најдобар универзитет во светот е Харвард, а потоа следуваат: Станфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универзитетот во Чикаго, покажува денеска објавената престижна Шангајска листа. По научни области, односно по студиите за правни науки, политички науки, социјални науки, психологија, медицина, фармација, на оваа престижна листа на прво место е повторно Универзитетот Харвард. Инаку, меѓу првите десет универзитети на оваа листа се осум американски и два британски универзитети.
Како и во претходните 14 години, најдобар универзитет во светот е Харвард, а потоа следуваат: Станфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универзитетот во Чикаго, покажува денеска објавената престижна Шангајска листа.
По научни области, односно по студиите за правни науки, политички науки, социјални науки, психологија, медицина, фармација, на оваа престижна листа на прво место е повторно Универзитетот Харвард.
Инаку, меѓу првите десет универзитети на оваа листа се осум американски и два британски универзитети.
Што се однесува до регионот, на Шангајската листа на најуспешни универзитети се само Универзитетот во Белград, кој е позициониран меѓу 201. и 300. место и Универзитетот во Љубљана, кој е во групата од 401. до 500. место. На листата нема универзитети од Македонија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Шангајската листа на најдобро рангирани универзитети, која секоја година ја објавува кинескиот универзитет Џиао Тонг од Шангај, е една од највлијателните листи, која ги рангира 500-те најдобри универзитети во светот. Имено, секоја година се анализираат повеќе од 1200 универзитети во целиот свет, но се рангираат само 500 најдобри.
Клучни критериуми за рангирање на универзитетите се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, цитираност, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали, кои студирале или работат таму. Според број на бодови се рангираат првите 100 универзитети, а потоа според бројот на бодови, но и според азбучен редослед се рангираат универзитетите од 101. до 150., од 151. до 200., 201.-300., 301.-400. и од 401. до 500. место.
Листата е неформална, но работа на престиж е да се биде на неа, бидејќи опфаќа само два отсто од светските универзитети.
А. Б.