Хашкиот трибунал ја потпиша слободата на Тарчуловски
Понеделник 8 април 2013 – Откако отслужи две третини од казната, Јохан Тарчуловски и официјално е ослободен. Одлуката за негово ослободување е потпишана попладнево од претседателот на Хашкиот трибунал, а тој веќе од утре можно e да пристигне во Македонија.
Одлуката на Хашкиот трибунал следува по барањето на адвокатскиот тим за предвремено пуштање, бидејќи Тарчуловски го исполни главниот критериуми, односно одлежа две третини од казната. Покрај ова, во предвид било земено и неговото добро поведение.
Судскиот процес против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски е единствениот од вооружениот конфликт од 2001 година и единствениот од Македонија, кој заврши на Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг. Процесот започна на 16 април 2007 година и заврши за една година. На 10 јули 2008 година, судскиот совет се произнесе со пресудата, ослободувајќи го Бошкоски од сите обвиненија, а осудувајќи го Тарчуловски на 12 години затвор. Одбраната на Тарчуловски се жалеше на оваа одлука, но жалбениот совет ги одби сите основи за жалба и ја потврди казната. Претседателот на Меѓународниот суд издаде решение, со кое ја определи Германија за држава каде ќе ја издржува казната.
По осум години колку што одлежа во затвор, Тарчуловски е слободен граѓанин. Неговото пристигнувањетосе очекува најрано утре, а најдоцна до петок.
Предметот целосно проследете го тука.