/ Прочитано:

1.730

Хелсиншки комитет: Државниот инспекторат за труд нареди исплата на регрес во текстилна фабрика во Штип

Државниот инспекторат за труд Штип нареди исплата на регрес за годишен одмор за вработените во текстилна фабрика во Штип, известуваат од Хелсиншкиот комитет.

По поднесена претставка од страна на Хелсиншкиот комитет, државен инспектор за труд од подрачната единица на Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во споменатата конфекција, при што констатира дека работодавачот не им исплатил регрес на работниците за платен годишен одмор за 2016 година. Во решението со кое се задолжува работодавачот да ги исправи неправилностите, државниот инспектор за труд му дал рок од 30 дена на работодавачот за исплата на регресот. Ги поздравуваме ваквото решение на Државниот инспекторат за труд – подрачна единица Штип и проактивниот однос и залагањето на државниот инспектор кој постапуваше во конкретниот случај. Хелсиншкиот комитет и во иднина ќе продолжи да го мониторира овој случај, односно ќе следи дали работодавачот постапил по решението на Државниот инспекторат за труд и им го исплатил регресот за годишен одмор за 2016 година на своите вработени.

M.В