/ Прочитано:

1.919

Хелсиншки комитет ќе обезбедува бесплатна претходна правна помош

Како што информираат, преку нивната регистрација како овластено здружение на граѓани ќе придонесат кон приближување на бесплатната правна помош до граѓаните на Република Македонија.

Хелсиншки комитет лого

Хелсиншкиот комитет влезе во мрежата на организации кои обезбедуваат бесплатна претходна правна помош, во согласност со Законот за бесплатна правна помош. Како што информираат, преку нивната регистрација како овластено здружение на граѓани ќе придонесат кон приближување на бесплатната правна помош до граѓаните на Република Македонија.

Во овој проект партнерски организации се: Национален ромски центар – Куманово, Младински културен центар – Битола, Ехо – Штип, Избор – Струмица и Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.

„Во изминатите четири месеци од спроведувањето на проектот ’Пристап до правда’, овластените здруженија им обезбедија бесплатна правна помош на над 250 граѓани ширум државата. Овој проект е од голема важност за здруженијата кои даваат бесплатна правна помош, од причина што овозможува да се исполнат строгите услови предвидени во Законот за бесплатна правна помош за здруженијата на граѓани“, наведуваат од Хелсиншки.

Во канцелариите на Хелсиншки комитет  функционира и бесплатната СОС-линија 0800 44 222 на која граѓаните можат да се јават секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот со цел да постават прашање или да добијат правна информација.

Целта на  проектот кој е координиран од ФООМ, а поддржан од Европската Унија, е да се унапреди и да се промовира правото на бесплатна правна помош и да им се овозможи пристапот до правдата на граѓаните во државата, особено на оние кои се наоѓаат во социјален ризик.