/ Прочитано:

854

Хелсиншки комитет: Пријавете повреда на избирачкото право

Петок, 5 април 2013 – Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во недела ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право во вториот круг локални избори.

Хелсиншкиот комитет ќе ги проследи локалните избори преку отворената канцеларија за пријавување на повреда на избирачкото право додека набљудувањето на изборите на терен ќе го оствари преку соработка со невладината организација „Цивил“ која е овластена да врши мониторинг на престојните избори.

„Ги охрабруваме сите граѓани, кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот“,  соопштуваат од Хелсиншки

Оние граѓани што не се во можност да дојдат во канцеларијата, случаите на повреда на избирачко право може да ги пријават на набљудувачи на невладината организација „Цивил“, кои ќе носат идентификациски беџеви, или пак на телефонскиот број: 02/3119-073. Пријавување може да се врши и преку електронска пошта, на следниве адреси helkom@mhc.org.mk и civil.mk@gmail.com.

Имајќи ја предвид важноста на уставно загарантираните граѓански и политички права, Хелсиншкиот комитет и невладината организација „Цивил“ апелираат локалните избори да поминат во фер и демократска атмосфера со особено внимание на неповредливоста и тајноста на избирачкото право на сите граѓани.