/ Прочитано:

1.036

Хелсиншки комитет: Собранието итно да ги изгласа мерките содржани во извештајот на Народниот правобранител во однос на препораките на Прибе

На 6.11.2017, Собранието на Република Македонија oдби да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во извештајот на Народниот правобранител, бидејќи немаше доволно присутни пратеници.

„Апелираме до пратениците, особено до владејачкото мнозинство, во најбрз можен рок да ги изгласаат мерките содржани во извештајот на Народниот правобранител каде што се наведени препораките на Прибе. Имплементацијата на препораките од извештајот на експертската група предводена од Прибе мора да биде главен приоритет на Собранието и Владата за државата да го забрза евроинтегративниот процес, но и поважно, да обезбеди ефикасна заштита на човековите права и слободи на граѓаните. Во најмала рака е несериозно владејачкото мнозинство да нема обезбедено кворум за изгласување на вакви исклучително важни мерки. Потсетуваме дека пратеничките групи во законодавниот дом мора да ги имаат како приоритет човековите права и слободи во својата работа и препорачуваме да не дозволуваат технички аспекти како немање доволно присутни пратеници на гласањето да пречат во спроведувањето на главните приоритети на реформскиот процес“, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет за човековите права.