/ Прочитано:

697

Хелсиншкиот комитет бара и транспарентен избор на Комисијата за заштита од дискриминација

Хелсиншкиот комитет го поздравува усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Со 69 гласа ‘за’, еден воздржан и без ниту еден глас ‘против’, Собранието на Република Северна Македонија го изгласа законот кој првично беше донесен во мај 2019 година, но поради неисполнет собраниски кворум  беше укинат од страна на Уставниот суд во јуни 2020.

„Ова законско решение треба да понуди подобра превенција и заштита од дискриминација, да гарантира транспарентен избор на стручна, професионална и независна Комисија за спречување и заштита од дискриминација, да го подобри административното работење на Комисијата со воведување на стручна служба на Комисијата, да ја скрати и направи поефикасна постапката за заштита од дискриминација пред Комисијата и да го олесни пристапот до судска правда во случаи на дискриминација“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Следен чекор, кој е неопходно што побрзо да се случи, велат од Комитетот, е отпочнување на процесот за формирање на нова, независна, стручна и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација. За таа цел, апелираме Собранието на Република Северна Македонија, по стапувањето на законот во сила, во најкус можен рок да објави јавен оглас за избор на членовите на Комисијата.

Во тој поглед, посочуваат од Комитетот, нагласуваме дека Законот беше усвоен без амандманот на членот 18, со кој постапката за оваа комисија требаше да се уреди по примерот на постапката за избор на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Основаните сомнежи дека изборот на членовите на КСЗД ќе зависи од партиски договор ќе се отстранат само доколку се овозможи учество на граѓанските организации во јавна расправа за избор на членовите на КСЗД, во согласност со постоечкиот  собраниски Деловник.

„Хелсиншкиот комитет за човекови права будно ќе го следи процесот на спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и нејзиното работење“, резимираат од Комитетот.

Што се предвидува во Законот за спречување и заштита од дискриминација, донесен од Собранието

Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за заштита од дискриминација ги штити правата на граѓаните, вели министерката за труд

Законот за спречување и заштита од дискриминација пред пратениците

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација

Став и анализа на Блупринт за укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

За укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Уставниот суд го укина Законот за спречување и заштита од дискриминација

М.В