/ Прочитано:

810

ХЕРА: За претседателот Иванов сите закони во Македонија се про форма или само законите кои ги третираат и ограничуваат женските права?

Среда, 19 јуни 2013 – Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да го потпише  новиот Закон за прекинување на бременоста е заснована врз прилагодување на идеолошките убедувања и одлуките на администрацијата што го донесе, па повикувањето на правните аргументи, сега е безпредметно, се вели во денешното соопштение на невладината организација ХЕРА.

Претставниците од ХЕРА имаа средба со тимот на претседателот Ѓорѓе Иванов во врска со потпишувањето на указот за Законот за прекунување на бременоста од страна на претседателот. По изнесените аргументи од страна на ХЕРА, советниците на претседателот посочиле дека станува збор за про форма измени и дека претседателот не може да стори многу за промена на Законот.

„Дали за претседателот Иванов сите закони во Македонија се про форма или само законите кои ги третираат и ограничуваат женските права?“, прашуваат од ХЕРА.

ХЕРА изразува зачуденост што тимот на претседателот Иванов „не бил во тек со расправата за овој закон и покрај писмата од 72 македонски организации, 91 меѓународна и од евро-пратениците“. Во соопштението на ХЕРА се додава дека ќе ја продолжат битката со претставки пред Уставниот суд.