/ Прочитано:

850

ХК: Поднесена кривична пријава за фатална несреќа на работно место, констатирани низа пропусти кај работодавецот

Реагирајќи на вест пренесена во медиумите за несреќа со смртни последици на работник на објект во индустриската зона на патот Струга-Ќафасан, Хелсиншкиот комитет за човекови права на 30 јули 2019 година се обрати до Државниот инспекторат за труд со барање за информации за овој случај.

„Со оглед дека станува збор за повреда на работно место, а под претпоставка дека се прекршени одредби од Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа, Комитетот побара одговор за извршениот инспекциски надзор и евентуалните неправилности.

Во добиениот одговор е наведено дека ДИТ излегол на терен веднаш по несреќата и констатирал дека работникот В.С. (48) од Скопје изведувал кровопокривачки и лимарски работи, при што паднал од висина од околу осум метри и набргу потоа починал во Општата болница во Струга. ДИТ констатирал дека над починатиот работник не бил извршен здравствен преглед за работа под посебни услови, ниту соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа. Понатаму, до подрачната единица на ДИТ не било доставено известување за започнување на градежни работи и План за безбедност и здравје при работа, што е обврска од Правилникот при работа на привремени градилишта. Исто така, не била извршена проценка на ризик на работно место (монтажер на панели) и не била изготвена изјава за безбедност со која се прецизираат начинот и мерките што треба да се преземат.

Констатирајќи ги сите неправилности, од страна на Инспекторатот е поведена кривична пријава против изведувачот како правно лице и против одговорното лице во правното лице. Поведена е и прекршочна постапка од втора категорија согласно со член 23, точка 2 од ЗБЗР.

Со оглед на големиот број несреќи на работно место во нашата земја и честите фатални исходи на несреќите на градежни локации, го поздравуваме брзото постапување на ДИТ во овој случај и очекуваме негово соодветно процесирање пред другите надлежни институции. Истовремено, апелираме до работодавците доследно да ги почитуваат законите и правилниците со кои се обезбедуваат безбедни работни услови, како единствен начин да се превенираат вакви и слични инциденти“, соопштуваат од Комитетот.

Бројот на несреќи при работа постојано се зголемува

Состанок за безбедност и здравје на работниците

Најавено ревидирање на Законот за безбедност и здравје при работа

Единствен систем за собирање податоци за несреќи и повреди при работа препорачуваат експертите

Потребно е усогласување на Законот за безбедност и здравје при работа со регулативата на ЕУ

Уставниот суд укина противуставна одредба во врска со Законот за безбедност и здравје при работа

Преку имплементација на меѓународниот стандард за здравје и безбедност при работа до поголема ефикасност на компаниите

 Поведена постапка за противуставна одредба во Законот за безбедност и здравје при работа

М.В