/ Прочитано:

1.035

Холандската Влада ќе им плаќа отштета на сопствениците на кафулиња што продаваат марихуана

Четврток, 6 јуни 2013 – Окружниот суд во Хаг и наложил на холандската Влада да им исплати отштета на сопствениците на кафулиња што продаваат марихуана, поради претрпената штета од примената на владините мерки за сузбивање на таканаречениот наркотуризам. Неодамна, Владата изрази желба, само државјани на Холандија да конзумираат лесна дрога во познатите холандски „кофи шопови“ . 

 

Одлуката на Хашкиот суд е дел од најновиот конфликт во долготрајната борба на холандската Влада која сака официјално толерираните кафулиња да продаваат марихуана само на локалното население, додека сопствениците на тие угостителски објекти инсистираат да им биде дозволено лесните дроги да им ги продаваат на сите што ги бараат.

Во пресудата е додадено дека останатите потези со цел да се спречат странците да купуваат лесни дроги во Холандија биле легитимни.

Забраната за продажба е замаскирана во форма на таканаречените „кофи шопови“ кои се трансформираат во „канабис клубови“ и во кои членски карти можат да добијат само полнолетни Холанѓани, иако се знае дека во граничните области и во Амстердам илјадници странци, особено преку викендот, доаѓаат во Холандија поради правото за легална консумација на лесни дроги.

Во Холандија од 1976 година со закон е дозволено поседување и консумирање на пет грама марихуана која се продава во кафулиња кои имаат дозвола за тоа, додека се забранети одгледувањето и продажбата на големо. 

>> Стапи на сила законот со кој Холандија ја забранува продажбата на марихуана на странци