/ Прочитано:

951

Холандски дипломат заработи 12 години затвор за шпионажа на НАТО и ЕУ

Вторник, 23 април 2013 – Холандскиот суд го осуди дипломатот Рајмонд Путераи на 12 години затвор бидејќи предавал доверливи документи на НАТО и ЕУ на руски агенти. Путераи е поранешен службеник на холандското Министерство за надорешни работи кој наводно преку шпионажа заработил 72.000 евра за само неколку години. 

Рајмонд Путераи - поранешен дипломат на холандското Министерство за надворешни работи

Судот изрекувајќи ја 12 годишната затворска казна за холанѓанецот Рајмон Путераи (61) навел дека дипломатот ги довел во опасност интересите на Холандија и нејзините сојузници, со тоа што долги години пренесувал воени и политички документи.

Наводно за извршените услуги на Путераи му биле исплатени 72.000 евра во периодот меѓу јануари 2009 и август 2011 година.

Меѓу материјалите кои дипломатот им ги предавал на Русите се наоѓаат воени и политички документи на НАТО и ЕУ во однос на нивниот став околу Либија, набљудувачката мисија на ЕУ во Грузија, и мисиите на Косово и Авганистан.

Според судот, поранешниот дипломат шпионажата ја вршел исклучиво за да стекне финансии задоволувајќи го својот личен стил на живеење.

Минатата година Путераи е уапсен на аеродромот Шипхол во Амстердам додека се обидувал да се качи на авион и да одлета за Бангок. При полицискиот претрес кај него биле пронајдени 4 компјутерски стикови со чувствителен материјал.

Обвинителството бараше 15 години затвор за холандскиот шпион. Според наводите на обвинението тој на летот до Бангок требало првин да слета во Виена, а таму требало да ги предате 4-те комјутерски стикови кои ги носел со себе дента кога е уапсен.

Холандскиот шпион е откриен откако германската полиција влетала во домот на сомнителниот брачен пар од Русија за кој се претпоставува дека токму тие му ги диктирале неговите активности.

Брачниот пар Андреас и Хајдрун Аншлаг на суд во Штутгарт

Брачниот пар е со шифрирани имиња Андреас и Хајдрун Аншлаг. Германското обвинителство ги товари дека работеле за поранешната тајна служба на Советскиот сојуз, Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ), шпионирале во западна Германија од 1988 година, подоцна и за руската надворешна разузнавачка служба (СВР). Во моментов на брачниот пар му се суди пред судот во Штутгарт, се соочуваат со 10 годишна затворска казна доколку се докаже дека се виновни.