Пронајдени остатоци од човечко тело, се верува дека припаѓаат на девојката по која што Хрватска трага веќе 2 години, убиецот е осуден на 40 години затвор
Среда, 28 ноември 2012 – Хрватската јавност се надева дека конечно е пронајдено телото на Антонија Билиќ, девојката по која што целата земја трагаше повеќе од скоро 2 години, а убиецот е осуден на 40 години затвор. Кај селото Модруш, општина Јосипдол, пронајден е човечки скелет, коса и фармерки за кои се верува дека припаѓаат на 17 годишната девојка. Се чека на резултати од ДНК анализа за да се потврди дека остатоците се нејзини. Пред еден месец, Драган Паравиња е осуден за киднапирање и убиство на исчезнатата девојка. Иако семејството на жртвата му ветија дека ќе му простат доколку каже каде е нејзиното тело, тој никогаш не откри тврдејќи дека е невин.
Од рано изутринава кај селото Модруш, општина Јосипдол во централна Хрватска, хрватската планинска спасувачка служба заедно со кучиња трагачи је чешлаат околината каде синоќа беа пронајдени човечки коски за кои се верува дека и припаѓаат на Антонија Билиќ. Коските вчера попладне ги открил еден мештанин кој е ловец и веднаш ја повикал полицијата. Прво помислил дека гледа бела топка, се приближил и видел дека е човечки череп. До скелетот видел фармерки и долга коса. Пожарникарската екипа, полиција, заменик обвинителот, Младен Крајачиќ, вчера попладне околу 18 часот пристигнале на местото. Подоцна полицијата пронашла уште остатоци, истите се испратени во Загреб во Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и ДНК анализа, а до завршувањето на истрагата ниту едно лице не дава официјални информации.
Коските пронајден на паркинг
Посмртните останки се пронајдени на 10 метри од паркингот на кој често паркирале камионџии. Коските не биле закопани. Идентитетот ќе се утврди откако ќе се направи ДНК анализа. Освен посмртните останки, трагачите пронашле фармерки и долга коса, според овие остатоци се верува дека станува збор за Билиќ. Уште поголем индикатор е тоа што телото е пронајдено онаму каде за последен пат е лоциран сигнал на мобилниот телефон на девојката. Сепак, заменик обвинителот Младен Крајачиќ ги отфрла шпекулациите потесетувајќе дека засега пронајдените остатоци не може да се поврзат со Антонија, се додека не стигнат резултатите од ДНК анализите.
Паравиња тврдеше дека е невин
Според сведочењата и форензичките наоди, последен пат е видена 7 јуни 2011 година околу 10 часот, во селото Кричка кај Дрниш, Хрватска како влегува во камион управуван од страна Драган Паравиња, човек осуден на 4 и пол години затвор за силување и обид за силување во Србија. Паравиња кој има двојно државјанство, живеел и работел во Словенија и Хрватска, а уапсен е во Република Српска криејќи се кај неговиот вујко. Во текот на истрагата признава дека ја задавил Антонија Билиќ, а потоа телото го фрлил во езерото Брљан. Подоцна, Паравиња го негираше исказот даден во полиција, велејќи дека истиот го дал под притисок и физичко малтретирање од страна на полицијата.
За време на судењето кое започна на 22 март годинава, прегледан е видео материјал со цел да се утврди движењето на Паравиња во периодот кога Билиќ исчезнала, а вештаците сведочеа за биолошки траги најдени во неговиот камион и тоа – коса, крв и плунка кои и припаѓаат на девојката.
Семејството Билиќ, во текот на постапката вети дека ќе му прости на Паравиња доколку им открие дали Антонија е мртва или жива, но и покрај силните докази на обвинителството, Паравиња никогаш не го призна злосторството.