31 јануари, 2013 08:46
paula
/ Прочитано:
Хрватска и Словенија не постигнаа договор околу спорот за „Љубљанска банка“
Четврток, 31 јануари 2013 – Словенија и Хрватска не постигнаа договор за надминување на спорот околу девизните заштеди на хрватските граѓани во некогашната „Љубљанска банка“. Паралелна на ова нема надеж за отпочнување на процесот на ратификација на Договорот за влез на Хрватска во ЕУ, се утрди на синоќешната средба во Брисел меѓу министрите на двете земји.
Министерот за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ и нејзиниот словенски колега Карл Ерјавец на вчерашната средба во Брисел не успеале да постигнат договор околу спорот за „Љубљанска банка“ и Договорот за ратификацијата за влез на хрватска во ЕУ.
Хрватските медиуми пренесуваат дека Пусиќ и Ерјавец се договориле да одржат нова средба на 6 февруари во Словенија, на која според шефицата на хрватската дипломатија би можело „стручно и политички да се дефинира решение“ на проблемот.
По средбата, хрватскиот министер изјавил дека не очекува Словенија да биде последната членка на ЕУ што ќе го ратификува пристапниот Договор на Хрватска, додека Ерјавец нагласи дека е можно во текот на февруари Загреб и Љубљана да прифатат решение кои би го утврдиле финансиските експерти.
Словенија е единствена од 27-те земји членки на ЕУ која се уште не го отпочнала процесот за ратификација на Договорот за членство на Хрватска во Унијата. Љубљана го условува Загреб да ги повлечат полномоштвата на банките кои ја тужеа „Љубљанска банка“ во врска со пропаднатите девизни заштеди на почетокот на 90-те години на минатиот век, за кои банката ги обештеди словенечките граѓани, но не и нејзините штедачи од другите поранешни југословенски републики.
Неисплатените заштеди на Хрватите се од периодот 1992-1995 година. Преговорите околу долгот што „Љубљанска банка“ треба да и го врати на Хрватска датираат уште при крајот на 1995 година. По неполни 2 децении, без никаков успех со преговорите, општинскиот суд во Загреб ја донесе првата пресуда.