Хрватска: Уапсени 25 лица поради трговија со луѓе
Среда, 15 мај 2013 – Хрватската полиција упаси 25 лица осомничени за трговија со луѓе. Се работи за меѓународна акција со која претходно и во Босна и Херцеговина беа уапсени 13 лица.
Акцијата била спроведена на подрачјето на Осиек, Загреб и Сплит.
Уапсените биле дел од група која преземала, превезувала, сместувала и префрлала државјани на Косово, Судан, Сирија и други држави во земјите-членки на Европската унија.
Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка меѓу полицијата, УСКОК, Граничната полиција на БиХ и на Центарот за спроведување на закон во Југоисточна Европа (СЕЛЕЦ).