/ Прочитано:

786

Кроација Eрлајнс најавува откази за 42 стјуардеси

Петок, 10 мај 2013 – Управата на хратската  Кроација Eрлајнс најавува откази на 42 членови на авионскиот персонал кои од 29 април до 2 мај годинава масовно земале боледување. Персоналот брои 48 стјуардеси, а компанијата утврдила дека 42 од нив всушност прикриено штрајкуваат на начин што отвориле боледување поради нарушена здравствена состојба.

Масовното земање на боледување во компанијата доведе до откажување на голем дел летови на авиокомпанијата. Компанијата покренала постапка да се истражи дали во случајов стванува збор за нагло влошување на здравствената состојба на работници или станува збор за прикриен штрајк. Од Кроација Ерлајнс велат дека пред да ги поделат отказите ќе почекаат на извештајот од инспекторите на хрватскиот Завод за здравствено осигурување.  За секој работник одделно ќе се истражува врз основа на што и од која здравствена установа се подигнати боледувањата.