Хрватската полиција пресече канал за криумчарење на дрога од Македонија

Петок, 15 март 2013 – Во акција на хрватската полиција упасени се двајца дилери во Загреб со цел уништување на крак на балкански канал за шверц на дрога преку кој од Македонија се криумчарeло голема количина марихуана низ Србија, БиХ, Хрватска и Словенија кон западна Европа.

Во акцијата, која е дел од поголема меѓународна акција во стан во Загреб  уапсени се двајца државјани на БиХ од кој едниот важи за клучна фигура во зеничката наркомафија.

Како што известуваат хрватските медиуми, полицијата, по претходно добиени информации, ја следела пратката од 20 килограми марихуана од Македонија. Со оглед дека дилерите целото време биле под надзор, полицијата го снимила секој нивен чекор уште од Македонија, па се до Загреб.
Иако се уште не е службено потврдено, на подрачјето на Загреб уапсени се уште двајца членови на наркомафијата, а се вршат подготовки за апсења и во други држави чии крим полиции учествувале во акцијата, пренесуваат хрватските медиуми.