/ Прочитано:

937

Хрватскиот парламент го избра професорот Маршавелски за член на новата Комисија за надзор на полицијата

Хрватскиот сабор го избра Александар Маршавелски, професор на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб, по потекло од Македонија, за член на новата Комисијата за жалби против Министерство на внатрешни работи, позиција на која беше номиниран од Комитетот за човекови права на Хрватскиот сабор.

Комисијата е највисок орган за надзор на работата на полицијата во Хрватска. Особено е важно затоа што станува збор за независно експертско надзорно тело кое прима претставки на граѓаните во случаи на тврдења дека полицијата го прекршила законот. Одговорностите на вакви комисии за граѓански надзор можат значително да се разликуваат во зависност од јурисдикцијата и нивната способност да станат влијателни.

Комисијата за жалби против Министерството за внатрешни работи е составена како комисија на водечки експерти, меѓу кои е и професорот Маршавелски, чија задача не е само да критикуваат, туку да ја подобрат полициската администрација преку поддршка за полициска одговорност, транспарентност и целокупна ефикасност. Ваквиот проактивен експертски надзор ја подобрува транспарентноста и бара одговорност на сите нивоа на полициска работа, а тоа е особено важно при надзорот на државните органи кои имаат право на употреба на сила и да ги ограничуваат основните слободи на граѓаните.

Професорот Маршавелски вели дека неговата генерална мотивација да работи во оваа Комисија е да се бори против полициските злоупотреби на сила и против корупцијата. Внатрешните полициски истраги за злоупотреба на сила и земање мито, посочува професорот, се  недоволно ефикасни бидејќи полицајците имаат тенденција да ги прикријат лошите дела на своите колеги. Ова е причината зошто беше потребен надворешен надзор како што е оваа Комисија.

Ова е прва ваква комисија во Хрватска, која во својата работа ќе се соочи со многу предизвици, вклучувајќи ја и кризата со мигрантите на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, каде што се сместени повеќе од пет илјади мигранти.

Како што објаснува професорот Маршавелски, повеќето од нив се обидуваат илегално да ја преминат границата и да влезат во Хрватска, од каде што сакаат да го продолжат патот кон Германија. Статистичките податоци, како и сведочењата на мигрантите за инциденти на полициско насилство покажуваат дека голем дел од нив се протерани назад во Босна и Херцеговина, без регистрација или можност да бараат азил во Хрватска. Професорот Маршавелски тврди дека ваквите практики се спротивни на хрватските закони и го кршат членот 4 од 4-от протокол на Европската конвенција за човекови права. Целта на Комисијата е да ја натера хрватската полиција да го почитува законот и меѓународното право. Мандатот на Комисијата е 4 години.

МАРШАВЕЛСКИ: Без нов Закон за политичките партии Македонија не може успешно да се бори против политичката корупција

„Македонија треба да помине низ втора транзиција“ – интервју со проф. д-р Александар Маршавелски од Правниот факултет на Универзитетот во Загреб

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА – доц. д-р Александар Маршавелски

M.В