/ Прочитано:

502

И Хан информиран дека ќе се дигитализираат 100 судници во земјата

Во рамки на посетата на Брисел, министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба и со еврокомесарот за финансии, Јоханес Хан, на која разговараа за реформите во правосудството и за процесот на дигитализација на судовите, велат од Министерството за правда.

Во Европската Унија има подготвеност конкретно да помогнат овој процес, кој ќе претставува зголемување на ефикасноста на судовите и своевиден технолошки скок. Како што е предвидено, ќе се дигитализираат над 100 судници во земјата.

„Добивме поддршка за овие потфати со разгледување на можностите за поголема финансиска помош во делот на дигитализацијата и во делот на зајакнување на администрацијата на судството. Дискутиравме за сите актуелни моменти во однос на спроведувањето на процесот на набавка на вакцините, но и за тоа како побрзо да се отворат преговорите за државите од Западен Балкан. Добивме поддршка за сите напори,  добивме гаранција дека ЕК ќе продолжи со конкретна поддршка на Северна Македонија“, истакна Маричиќ.

Министерот за правда истакна и дека има силна поддршка и надеж за отворање и почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија оваа година.

Дигитализација на 100 судници, најави министерот за правда од Брисел

Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките

Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

М.В