/ Прочитано:

2.294

И ЈОРМ го објавува Коментарот за ЗКП: Текстот е корисно четиво за вештините за казненото право

Покрај Правниот факултет „Јустинијан Први“, и Јавното обвинителство го објавува Коментарот на Законот за кривичната постапка, промовиран од Мисијата на ОБСЕ.

„Коментарот е првенствено наменет на практичарите, судиите и обвинителите, адвокатите и обвинетите, полициските службеници и сите други кои се занимаваат со казнената постапка, вклучително и новинарите. Текстот е корисно четиво и за сите кои допрва се обучуваат во вештините на казненото право, студентите по право и безбедност, постдипломци од различни области и докторанди. Целокупниот проект беше финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Коментарот на Законот за кривичната постапка може да се преземе тука“, се вели во објавата на ЈОРМ.

Изминатите три години Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ работеа на првиот Коментар на Законот за кривичната постапка од 2010 година.

Автори на Правниот коментар се: проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Гордана Лажетиќ, Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд, Маја Денковска, судија на Основниот суд Куманово, Мери Тромбева, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип, д-р Павлина Јанкуловска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола, и м-р Дељо Кадиев, адвокат од Скопје. Уредник и соработник на Коментарот на ЗКП е Ана Новакова-Жикова, национален офицер за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Правниот факултет „Јустинијан Први“ го објавува Коментарот на Законот за кривичната постапка, промовиран од Мисијата на ОБСЕ

Мисијата на ОБСЕ во Скопје го промовираше Правниот коментар на Законот за кривична постапка

М.В