И новиот Закон за Судскиот совет во собраниска процедура со европско знаменце
Владата на РМ го поднесе новиот Предлог-закон за Судскиот совет на Република Македонија во Собранието на РМ.
Предлог-законот за Судскиот совет на Република Македонија, се вели законското образложение, е реформски закон целосно усогласен со препораките на Венецијанската комисија, со ГРЕКО и со оценската мисија на ТАИЕКС за обука на судии и јавни обвинители.
„Основна цел на Законот е вградување на препораките од Венецијанската комисија, ГРЕКО и оценската мисија на ТАИЕКС за обука на судии и јавни обвинители во Република Македонија во делот на изборот и разрешувањето на судиите и претседателите на судовите, одговорност на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, како и во однос на внесување мерливи квалитативни и квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот во сучај на нивно напредување. Воедно се внимаваше на целосна избалансираност на критериумите во системот на оценувањето. Истовремено се интервенира и во однос на одребите за член на Совет со право на глас, рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд, се зајакнува одговорноста во работата на Советот и слично“, се вели во образложението на Предлог-законот, чиј целосен текст може да се преземе на следниот линк.
Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
М.В