/ Прочитано:

4.446

И професорот Никола Тупанчески се кандидираше за декан на Правниот факултет

Покрај професорот Горан Коевски, и професорот Никола Тупанчески влегува во трката за нов декан на најстариот правен факултет во земјава. Тупанчески вели дека на 18-ти овој месец и официјално ја доставил пријавата за избор на нов декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

akad 4

Д-р Никола Тупанчески е професор во областа на казненото право. Ги предава предметите Казнено право, Меѓународно казнено право, Економско казнено право, Медицинско казнено право, Криминална политика, Компаративно казнено право и Малолетничко казнено право. Во периодот од 2008 до 2013 година беше продекан за меѓународна соработка на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Правниот факултет „Јустинијан Први” на седницата на Наставно-научниот совет одржана на 14 март 2016 година донесе Одлука за започнување на постапката за избор на нов декан. Мандатот на постојниот декан проф. д-р Борче Давитковски завршува на 15 септември оваа година.

По оставката на деканот, минатата година беше спроведена постапка за избор на декан, во која со големо мнозинство за декан беше избран проф. д-р Горан Коевски. Меѓутоа, оваа постапка беше поништена од страна на просветната инспекција, поради што се водеше управен спор.

Започната постапка за избор на нов декан на најстариот правен факултет

М.В