/ Прочитано:

1.409

ИБРАИМОВСКИ: СЈО ги испитува криминалните избори во Шуто Оризари

Покрај Ибраимовски, денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беа и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и Силвана Бонева, член на Државната изборна комисија.

Самка Ибраимовски во СЈО

Лидерот на политичката парија ПЦЕР, Самка Ибраимовски, по денешниот распит во Специјалното јавно обвинителство, истакна дека бил повикан да даде исказ во врска со еден од прислушуваните разговори кои беа објавени јавно, а кој се однесува на изборите во Шуто Оризари.

„Сметам дека криминалните избори во Шуто Оризари треба да се истражат и тоа да се докаже, и драго ми е дека на овој начин ќе се докажува вистината. На пат сме да докажеме многу криминали и тоа за многу брзо време. Во интерес на истрагата не би можел да соопштам други детали“, изјави Ибраимовски.

Покрај Ибраимовски, денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беа и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и Силвана Бонева, член на Државната изборна комисија.

По завршување на исказот пред специјалните јавни обвинители, тие дадоа куси изјави во кои не потенцираа во кое својство се повикани и за кој предмет.