/ Прочитано:

417

Идентификувани се сите жртви од автобуската несреќа

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Република Северна Македонија излета и се запали.

Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион.

Автобус без валидна лиценца за превоз на патници не смее да премине граница на ЕУ

Обвинителствата ќе ги споредуваат листите на патници од граничните премини

Конечна проценка за причините за несреќата ќе дадат финалните анализи, но водечка верзија е човечка грешка

Продолжува истрагата за сообраќајната несреќа – Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје

Во тек е истрагата за автобуската несреќа

Јовески денеска итно отпатува на местото на автобуската несреќа

Прогласена тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа