Идентитетот на жената може да го расветли двојното убиство и самоубиството што се случи во Кисела Вода
Понеделник, 31 декември 2012 – Синоќа се случи двојно убиство и самоубиство во скопска Кисела Вода. Засега не е познат мотивот зошто 34 годишниот Кире Ристевски со својот пиштол пукал во главата на својата 27 годишна вереница, па си го одзел животот. Верениците свршувачката ја славеле во саботата навечер. Мистеријата е уште поголема откако во багажот на неговото возило „опел астра“ полицијата пронашла женски труп засега неидентификуван каде исто како и кај вереницата имал прострелна рана во главата.
Полицијата сè уште работи на утврдување на идентитетот на засега непознатата жена, по што најверојатно ќе се разјаснат мотивите за убиствата, информираат од МВР.
Главниот осомничен е сега веќе починатиот Кирил Ристевски, кој вчера околу 19 часот со истрел од пиштол ѝ „пресудил“ на 27 годишна Виолета Талевска. Убиството се случило во станот каде живееле со неговата 84 годишна баба, на улицата Ѓорѓи Димитров во населбата Кисела Вода.
Случајот во полиција го пријавила бабата. Мистеријата се надополнува откако полиијата во 19 и 30 часот во багажот на возилото на Ристевски пронашла женски труп со прострелна рана на главата. Во 23 часот полиција го пронашла трупот на Ристевски околу ОУ „Круме Кепески“ каде тој самиот си пресудил со пиштол марка „Валтер“ кој го поседувал со дозвола.
Полицијата трага по мотивите за оваа трагедија.