Иџет Мемети доби втор мандат за Народен правобранител
Понеделник, 24 декември 2012 – Собранието на РМ попладнево во рамки на 49-тата седница му додели втор мандат за Народен правобранител на Иџет Мемети.
На седница на Собранието на РМ беше изгласан уште еден 8 годишен мандат за Иџет Мемети како Народен правобранител. Мемети е втор по ред Народен правобранител, кој се зафати со поголема контрола на полициските овластувања, а граѓаните најмногу му се жалеа за одлуките на судската власт.
Покрај ова на денешната седница е разрешен и заменик народниот правобранител Невенка Крушаровска поради исполнување на услови за старосна пензија.